недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Владата на СДСМ и ДУИ не го заштитува националниот интерес на Македонија, туку води попуслива надворешна политика

Муцунски: Владата на СДСМ и ДУИ не го заштитува националниот интерес на Македонија, туку води попуслива надворешна политика

Прво важно да ги разбиеме митовите кои ги постави оваа влада, а потоа важно е да кажеме што ќе направи идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Важно е да го разбиеме митот дека имама влада која само прокламирано се бори за европски вредности, влада која секој ден во Собрание со европско знаменце предлага закони кои немаат никаква врска со европското законодавство како КЗ, Законот за игри на среќа. Ова е влада која грубо манипулира со процедури кои се наменети за евроинтеграции, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на денешната трибина во Кочани насловена „И Европа и Македонија, интеграција и идентитет“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Муцунски прашува дали е европска влада таа која нема испорачано ниту една реформа во секторите кои се клучни за граѓаните бидејќи европеизација значи поголем просперитет.

– Дали можеме во последните 6 години да се сетиме на една квалитетна реформа во делот на образованието? Или една квалитетна реформа во здравството, во владеење на право, во областа на земјоделието? Ова е влада која не знае да испорача реформи и затоа ова не е европска влада, тоа мит, ова е антиевропска влада, рече тој.

Муцунски нагласи дека вториот мит кој и самите си го негираа е дека ова ќе биде последното барање од Бугарија.

– Нивната надворешна политика е попуслива, нема основен принцип да го заштити националниот интерес туку оди по пристапот „се што ќе побараат ќе удоволиме“ и така дека ќе бидеме добри и успешни. Но министерот за надворешни работи Османи чија политичка партија поголем приоритет им се игрите на среќа отколку државниот интерес, самиот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, дека ова нема да биде последно барање од Бугарија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели дека мора стратешки да се поставиме кон сите овие прашања, нагласи Муцунски.

Тој посочи дека третиот мит е 2030 година, бидејќи во самата ЕУ има длабока дискусија и нема унифициран став дека 2030 година ќе биде година кога ќе се случи проширувањето на унијата.

– Затоа наш фокус треба да биде да ги спроведуваме реформите не заради некој надвор, туку заради тие внатре. Ако имаме ваква влада која нема капацитет да спроведе реформа и 2090 година нема да ја приближи кон членство во ЕУ. Тоа што е важно што може да го ветиме се коренити внатрешни реформи, да бидеме посакуван партнер на ЕУ, а не заради некој компромис во делот на надворешната политика, туку заради раздвижена економија, каде животниот стандард расте, има успешни граѓани, каде љубовта кон сопствената земја не се гледа како регресивен чин, туку патриотизмот е инхерентен за секој граѓанин. Можеме тоа да го направиме и знаеме како. Затоа апел со сите, доаѓаат времиња во кои ќе биде потребна масовна граѓанска мобилизација, излезност на парламентарни избори, формирање на влада, избор на претседател на државата, а не како овој кој знае да шета а изјавите ги менува на дневна основа и не знае што е приоритет и национален интерес, изјави Муцунски.

Најнови вести