среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 103 сакционирани возачи во населба Ченто

МВР: 103 сакционирани возачи во населба Ченто

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијатата на населба Ченто изречени се вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење на мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести