недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 127 казни за брзо возење

МВР: 127 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 57 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести