вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 145 санкции за брзо возење

МВР: 145 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи.

Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 47 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести