Во текот на изминатото деноноќие (02/03.06) на територијата на Република Македонија на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.