Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Општина Чаир изречени се вкупно 160 мерки, од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 за мотоцикли. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.