недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 170 санкции за брзо возење

МВР: 170 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 86 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Најнови вести