сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 182 казнети возачи во Скопје

МВР: 182 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 35 мерки за непочитување на брзина на движење, 18 за користење на мобилен телефон. Изречени се 7 санкции за возење под дејство на алкохол, 8 за некористење на сигурносен појас, шест за возач почетник и 29 санкции за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести