петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 191 санкции за брзо возење

МВР: 191 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 84 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести