сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 202 казни за брзо возење

МВР: 202 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести