Министерството за внатрешни работи вчера (14.11.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица и Радовиш.
Притоа, изречени се вкупно 320 санкции, 204 во Струмица, а 116 во Радовиш.
-Во Струмица 47 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 45 за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти… Во Радовиш 17 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 16 за возење без возачка дозвола… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.