среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 218 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 218 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 21 меркa за користење на мобилен телефон, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести