понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 22 лица не го почитувале полицискиот час, 525 не носеле маска

МВР: 22 лица не го почитувале полицискиот час, 525 не носеле маска

Од 22 часот (11.03.2021) до 05 часот (12.03.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак (11/12.03.2021) на територијата на државата по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19, велат од МВР.

Најнови вести