четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 259 санкции за брзо возење

МВР: 259 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести