вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 275 казни за брзо возење на територија на цела држава

МВР: 275 казни за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (15.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи.

Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Најнови вести