петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 286 санкции за брзо возење

МВР: 286 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 286 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 148 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести