Во текот на вчерашниот ден (13.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 295 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.