вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 352 казни за брзо возење на територија на цела држава

МВР: 352 казни за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (22.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 352 возачи.

Од нив, 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести