четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 383 санкции за брзо возење

МВР: 383 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 383 возачи.

Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести