Во текот на вчерашниот ден (20.01) полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на град Кавадарци и Неготино, при што превземени се вкупно 86 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум, 17 санкции за нерегистрирани возила, 42 мерки за возење над дозволената брзина.
-На сите возачи им се изречени соодветни санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите граѓаниво Република Северна Македонијада ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.