петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„МВР цел ден по инцидентот молчи- на Заев му треба време да смисли како да го покрие недоличниот обид за дефокусирање на граѓаните од срамниот потпис на договорот“

„МВР цел ден по инцидентот молчи- на Заев му треба време да смисли како да го покрие недоличниот обид за дефокусирање на граѓаните од срамниот потпис на договорот“

Договорот што Зоран Коте Заев го склучи со соседна Грција е катастрофален за Република Македонија. Граѓаните тоа јасно го гледаат, и затоа на Зоран Коте Заев и на СДСМ им е неопходно дефокусирање на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ниедна подмолна удбашка интрига, Зоран Коте Заев нема да може од себе да го избрише срамот дека тој е единствениот кој се откажа од одбрана на највисоките државни и национални интереси и ги прифати сите грчки максималистички барања, стои во реакцијата и се додавав:

„Министерството за внатрешни работи цел ден по инцидентот молчи затоа што на Зоран Коте Заев му треба време за да смисли како да го покрие недоличниот обид за дефокусирање на граѓаните од неговиот срамен потпис на договорот со кој што се негира македонската култура, јазик, традиција и историја. Ваквите удбашки игри нема да го поколебаат ВМРО-ДПМНЕ да остане во одбрана на националните интереси и да се спротивстави на антидржавните политики на Зоран Коте Заев“.

Најнови вести