четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР го затвори случајот Теретана: Истрагата потврди дека снимките се фалсификувани

МВР го затвори случајот Теретана: Истрагата потврди дека снимките се фалсификувани

Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на денешната прес конференција информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи целосно е затворена истрагата поврзана со обвинувањата за кршење на мерките поврзани со Ковид19 од страна на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денес ве повикавме за да ве информираме, да ја информираме и јавноста дека Министерството за внатрешни работи ја затвори истрагата поврзана со обвинувањето за кршење на мерките за заштита од корона вирусот од страна на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Со оглед на фактот дека дека случајот за наводното присуство во фитнес центарот „Синерѓи“ доби голем публицитет во јавноста, МВР во соработка надлежното Јавно обвинителство ги обезбеди сите материјали за негово расчистување. Обезбедени се сите изјави од инволвираните, хард дисковите, изработивме фото албуми, извршивме анализа и употребивме компаративен метод за споредбеност на она што беше објавено и она што од наша страна беше обезбедено како такво и останати материјали со цел да ги расветлиме сите дилеми кои што во јавноста се наметнаа околу овој случај. Од сите преземени мерки, во соработка со надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство, можеме само да изнесеме дека постои разлика, потенцира Ставревски.

Тој додава дека во тоа што беше презентирано во јавноста и тоа што беше објавено како такво и тоа што е обезбедено во онаа предистражна постапка. Постојат евидентни разлики во она што е во мас медиумите како што кажав во релноста поточно од вештачењето на видеиерите кои што ги обезбедивме и ги подигнавме со наредба од јавниот обвинител како од фитнес центарот Синерѓи така и од видиерите кои што се сопственост на сопственикот на зградата каде што се наоѓа односно стамбената зграда лкаде што е сместен фитнес центарот.

-Обезбеден е и дополнителен клучен доказ кој што исто така потврдува дека е различна перцепцијата која што се создаде во јавноста но поради тајноста на повредливоста на постапката и поради повредливоста на доказниот материјал не сме во можност да ви презентираме во детали односно да ги презентираме доказниотматеријал пред вас односно истиот заедно со известувањето во прилог е доставен до основното јавно обвинителство и ве повикуваме да се обратите дојавното обвинителство да добиете информација околу деталите за доказниот материјал и она што од наша страна е обезбедено и со што бевме задолжени по наредба од јавниот обвинител, рече Ставревски.

❗ Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на денешната прес конференција информираше дека…

Gepostet von Наќе Чулев am Dienstag, 23. Juni 2020

 

Најнови вести