Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата.
-Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 2184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).
Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.