среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР информира за нерегуларности на терен

МВР информира за нерегуларности на терен

Од македонската полиција информираат за неколку нерегуларности на избирачките места, за денешниот референдум.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во село Визбегово, семејство дошло на гласање со нивниот малолетен син, кој фотографирал во просторијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Лице од Брвеница пријавило дека кога одело на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето “Гоце Делчев” во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на гласачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во училиштето “Братство” во Скопје Б.С. заменик член на избирачкиот одбор омаловажувал полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето “Кирил и Методиј” во село Ораовица, радовишко пронајдени се летоци со содржина поврзана со референдумот.

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје лицата З.Ј.(42), кој имал беџ на наблудувач и Г.Ж.(38), го нарушиле Јавниот ред и мир со меѓусебно карање, викање и непристојно однесување. По преземени мерки, лицата биле приведени во Полициската станица Чаир и се работи на расчистување на случајот.

 

Најнови вести