Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Кисела Вода изречени се вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 18 мерки за некористење сигурносен појас. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.