МВР и надлежниот министер молчат за инцидентот кој се случил на предноговодишната прослава која ја организирале дел од припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези.
-Според извори во МВР, на предновогодишна забава во ресторан во с.Нерези, скопско, се случил тежок инцидент помеѓу припадници на единицата „Алфа“ во кој биле извадени и пиштоли, по претходна физичка пресметка, пишува Инфомакс.мк
Инцидентот бил предизвикан од музичкиот избор, односно, кон крајот на прославата во ресторанот почнало да се свири албанска музика по што најпрвин дошло до вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, за да заврши надвор пред ресторанот.
-Дел од припадниците на „Алфа“ единицата посегнале по службените пиштоли, по што дошло до престрелка која за среќа завршила без посериозни последици, стои во текстот на Инфомкас.
Веднаш потоа, вмешаните во инцидентот биле повикани од командирот на единицата „Алфа“, Примислав Димовски, кој ги „советувал“ да заборават на инцидентот.
Официјалните претставници на МВР не ја потврдија случката, а во редовните билтени истата не е регистрирана, најверојатно во обид да се заташка настанот и да се избегне секаква одговорност, коментира порталот.
Извор: Инфомакс