недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР НАЛОЖУВА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА ГО ПОЛНАТ БУЏЕТОТ – вработени во скопски угостителски локал казнети без причина, еве ги деталите

МВР НАЛОЖУВА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА ГО ПОЛНАТ БУЏЕТОТ – вработени во скопски угостителски локал казнети без причина, еве ги деталите

Четири години откако СДСМ дојде на власт. Четири години македонскиот народ секој ден живее во надеж дека оваа власт ќе исполни барем едно ветување. Четири години празни зборови, без дела.. напротив, на македонскиот народ четири години му се случува „колапс“. Од зголемување на месечни трошоци, до минимални мизерни плати, даноци превисоки, зголемување на невработеноста а особено за време на пандемијата со коронавирус кој му се случи на цел свет, никаква грижа за граѓаните, партиски вработувања, а оној кој не е поврзан со нивната партија оставен и отфрлен од државата.

Во последно време полицијата на Спасовски масовно пишува казни. Несомнено, Заев си го полни буџетот со парите на обичните граѓани кои поради неговата власт едвај крпат крај со крај, па тоа како да не е доволно, немилосрдно Заев и Спасовски удираат по џебот на народот и си ги полнат нивните џебови.

Сведоци сме и како угостителските објекти беа оставени сами на себе да се снаоѓаат кога имавме силни бранови од коронавирусот, многу вработени во угостителскиот сектор останаа без работа, многу семејства останаа без приходи и без никаква државна помош. Откако повторно малку „живнаа“ угостителските објекти со тоа што се отворија за работа со ред рестриктивни мерки кои голем дел од нив ги почитуваат, сепак сега тие се соочуваат со друг стрес – полицијата и инспекторите на Заев и Спасовски.

Имено,  до КУРИР се обратија вработени од еден скопски локал кои што неосновано биле казнети за НЕПРАВИЛНО НОСЕЊЕ НА ЗАШТИТНАТА МАСКА. Како што велат тие, маската ја носеле правилно секогаш прво за да се заштитат себеси а потоа и сите околу нив, а кога ги прашале полицајците зошто ги казнуваат без причина, службениците на тоа им одговориле дека така им било наредено.

– Додека јас и мојата колешка работевме, во локалот влегоа околу 10 полициски службеници и го побараа одговорниот. Ние веднаш се јавивме на нашиот газда и телефонот го дадовме на еден од полициските службеници. Тој одеднаш почна да му кажува на сопственикот на локалот во кој работиме дека ќе бидеме казнети јас и мојата колешка поради неправилно носење на маска. Веднаш изреагирав дека нема никаква логика и дека имам маска која ја носам прописно како што налагаат мерките и законите а тој ми одговора буквално со овие зборови: „Не знам јас така ми е наредено, прашај го началникот.“ Не ми се веруваше што слушам, побарав да разговарам со началникот за да му го поставам истото прашање. Чекав цели 10 минути да дојде тој кој почна да ме убедува дека јас не сум ја носел маската прописно, а истиот тој не беше ни присутен во локалот кога упаднаа неговите колеги, односно не ни виде дали јас носев маска и како сум ја носел. Најверојатно го изнервираа моите спротиставувања и на крајот само ми рече: „Дечко јас и ти не сме на иста френкфенција“. По тоа тој веднаш го напушти локалот како и неговите колеги. Со отворена уста недокажани и со казната во раце останавме со мојата колешка во локалот. Ние чесно цел ден работиме за тие пари кои сега треба да ги дадеме за казната која ни ја пишаа. Воопшто немаше да ми биде криво доколку навистина сме прекршиле некоја здравствена мерка, но не беше така. На крајот на краиштата и ние си го чуваме здравјето, секојдневно сме во контакт со голем број на луѓе, раскажува за КУРИР вработен од скопски локал.

 

Ова за жал не е прв случај, каде вработени во угостителските објекти а и самите сопственици се жалат на ваквите арогантни однесувања од страна на полициските службеници на Спасовски и Заев.

Се поставува прашањето дали Заев со Спасовски и неговата полиција си го полнат џебот преку вработени од приватниот сектор? Дали ова безредие има крај? До кога граѓаните ќе го трпат овој терор?

Најнови вести