четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР со детали за пронаоѓањето на планинарите на Кожуф

МВР со детали за пронаоѓањето на планинарите на Кожуф

Министерството за внатрешни работи информира дека спасувачки екипи ги пронашле изгубените планинари на Кожуф.

Во потрагата учествувале полициски службеници, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата.

-Вчера околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф, информира МВР.

Лицата се во добра здравствена состојба.

Најнови вести