Лажни биле и денешните пријави за поставени бомби во средни училишта во Скопје.
Од МВР информираат дека се направени сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.
Како што претходно потврдија од МВР, денеска закана за поставена експлозивна направа добиле седум училишта на територија на Скопје преку порака на електронската адреса.
Инаку ова е осма дојава за бомби, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.