вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР во изјава за КУРИР ги демантира бугарските медиуми: Еве колку “специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје

МВР во изјава за КУРИР ги демантира бугарските медиуми: Еве колку “специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје

Изминативе неколку дена во бугарските медиуми на големо се пишуваше за натпреварот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија кој треба да се одигра во Скопје.

Имено тие пишуваа дека голем број на бугарски полицјаци ќе го обезбедуваат бугарскиот тим во Скопје.

Редакцијата на Курир испрати прашања до македонското МВР за овој случај, а оттаму се вели следното:

-Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека од страна на бугарската полиција понудено е заедно со навивачите од Бугарија да дојдат и двајца полициски службеници во улога на спотери како поддршка на македонската полиција, а во врска со препораки за меѓународна полициска соработка и мерки за превенција и контрола на насилство и недостојно однесување при одржување на фудбалски натпревари со меѓународна димензија. Барањето ќе биде разгледано и во наредните денови соодветно ќе биде одговорено. Македонската полиција во целост е подготвена и гарантира безбедно одвивање на било кој натпревар, секако и на натпреварот за кој прашувате, се вели во реакцијата на македонското МВР.

Најнови вести