среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР воведува бесплатна телефонска линија за информации за граѓаните

МВР воведува бесплатна телефонска линија за информации за граѓаните

Министерството за внатрешни работи од утре (18.03.2020) во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот [email protected]k каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови.

Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно.

Најнови вести