Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во 03.40 часот било пријавено дека на ул.“Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација.
-По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема, информираат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.