сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На 15-ти октомври ќе бидат објавени институциите кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија

На 15-ти октомври ќе бидат објавени институциите кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија

Сите општини и јавни претпријатија во рамки на општините, но и во рамки на централната власт кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија, прават 20 отсто поголеми трошоци врз буџетите кои ги полнат граѓаните и ќе бидат јавно објавени една по една на 15 октомври, а јас ќе побарам од Владата одговорност и раководните лица да објаснат зошто преминале на краен снабдувач, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е дециден дека пари за енергенси ќе има, но се прават максимални напори да има што помал трошок и наместо 2 000 евра за 1 000 нормални метри кубни, да се плати помалку.

-Моменто берзанските цени за нас и стопанството не се прифатливи. Правиме обиди да преговараме билатерално, да договориме прифатливи цени. Ако тоа не се случи, нема да има договор, подвлече Бектеши во гостувањето на Топ Тема.

Министерот истакна дека има простор да им се помогне на училиштата во однос на снабдувањето со електрична енергија, а за јавните претпријатија уште еднаш упати порака дека треба да ги почитуваат мерките за штедење.

-Веќе имаме податоци за потребите од електрична енергија на основните и средните училишта од 1 ноември до крајот на март 2023 година. Тоа е потрошувачка од околу десет гигават часови. Ќе имаме простор да им излеземе во пресрет. Потрошувачката кај јавните претпријатија е 90 гигават часови. Прво треба да ја намалиме потрошувачката и да ги почитуваме мерките за заштеда зашто така ќе имаме можност да ги снабдуваме сите по регулирана цена. Во однос на клиниките, голем дел се снабдуваат директно од ЕСМ, институциите од централната власт исто така. Сакаме да им излеземе во пресрет и на општините, но мора сите прво да дадеме придонес во штедењето, напомена Бектеши.

На прашањето дали чувствува морална одговорност за ситуацијата со енергетската криза, министерот одговори дека навреме се направени сите потребни чекори.

-Освен обезбедување суровини, струја и топлинска енргија, наша работа е и да се грижиме за буџетот на граѓаните. За мене, а посебно за ЕСМ, ќе беше најлесно ако купеа струја и природен гас по цени кога беа највисоки. Повторно ќе кажам, ние ќе ги користиме сите можности, а и сите можности се искористени. Сега се разгледуваат понудите и избрана ќе биде најприфатливата. Ќе трошевме месечно 120 милиони евра за набавка на природен гас. Истото важи и за струјата и за другите суровини. За регулираниот пазар немаше потреба да купиме, а сега заработуваме во ноќните часови, рече министерот за економија. (МИА)

Најнови вести