Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на клен и скобал (скобуст).
-Во согласност со одлуката на Федерацијата на рибари на Република Македонија во нашето езерото во тек е забрана за риболов и тоа на скобал што ќе трае до 15-ти овој месец, како и на клен која е воведена на 1-ви и ќе трае до 31 мај, изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.
Додава дека од средината на овој месец,односно од 15 мај па се до 30 јуни ќе има забрана за лов на крап и на црна мрена.
-Забраната за вршење на рекреативен риболов во риболовните води е востановена секоја година во овој период, заради непречен природен мрест на овој вид риба. Нашата рибочуврска служба постојано е во обиколка на езерото. Наша цел како концеионер е да го заштитите рибниот фонд на Дебарско Езеро,кое порано беше познато по богатиот и разновиден рибен фонф, кој што за жал во изминатите години беше опустошен,посочува Боцку.
Додава дека овој период дозволен е риболов на плашица и на пастрмка.
Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во ноември лани концесијата му ја додели на СРД „Трофта“ (пастрмка) и тоа како што бараше и друштвото, а беше подржано и од Советот на општината,само за рекреативен риболов. Тоа значи дека во период од пет години забранет е стопански риболов на езерото.