петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На граѓаните им е преку глава од СДСМ: Само 17 луѓе го следат настанот од Влада

На граѓаните им е преку глава од СДСМ: Само 17 луѓе го следат настанот од Влада

Слаба гледноста од страна на граѓаните на денешната видео сесијата на владата на тема „КОВИД-19, прашања и одговори за социјалните мерки“, каде што говорат заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкриејљ.

Според официјалниот канал на Владата на Република Македонија, каде што се пренесува видеосесијата моментално ја следат само 17 граѓани, а како причина за тоа е недовербата од страна на граѓаните кон актуелната власт како и кон мерките кои што ги преземаат изминатиот период.

Мислењето на граѓаните е поделено, дел од граѓаните сметаат дека власта оваа вонредна ситуација ја користи за носење на уредби со законски сила за оние работи кои што на нив им одговараат, додека пак друг дел сметаат дека ваквиот однос од страна на власта е неодговорен користејќи ги сите пи-ар алатки за себе промоција, наместо да работи за спречување на ширењето на пандемијата и на закрепнување на економијата.

Оваа поразителна бројка од 17 луѓе се најверојатно од владината прес служба кој што мора да следи во случај доколку функционерите од власта да презентираат некоја нова мерка која што воопшто и не е донесена, исто како дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска кога изјави дека во автомобил можат да се возат најмногу три лица па потоа мораше да се демантира самата себе.

Најнови вести