Дирекцијата за заштита и спасување денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе изврши уништувањето на неексплодирани убојни средства останати од Првата Светска војна, пронајдени на локалитетот „Тумбе кафе“ во Битола.
Екипите од Дирекцијата за заштита и спасување имаа извадено 12.300 парчиња или 110 тони товар.
– Првата половина од артилериските гранати по потекло од Првата светска војна, пронајдени кај Градскиот стадион во Битола, околу 6000, ќе биде уништена овој месец на воениот полигон Криволак. За целосно заокружување на оваа операција, во текот на месеците јануари и февруари ќе има уште неколку термини кога ќе бидат уништени, покрај артилериските гранати што преостанаа од акцијата во Битола и сите убојни средства собрани во земјава во послединте десетина месеци или поточно од последното уништување спроведено на Криволак. Уништувањето како и досега ќе биде под целосен надзор и контрола на првите луѓе на АРСМ, ДЗС и МВР, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.