недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Гостиварец во својот двор пронашол две артилериски гранати од Втората светска војна

Гостиварец во својот двор пронашол две артилериски гранати од Втората светска војна
фото илустрација

Денеска (15 февруари) во 10 часот и 30 минути, К.И.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека при вршење ископ во двор на улица “Илинденска” во Гостивар биле пронајдени две артилериски гранати калибар 100 милиметри, кои најверојатно потекнувале од Втората светска војна.

Извршен е увид, гранатите се фотодокументирани и подигнати за транспортирање од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.