четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец уапсен во Мала Речица за поседување на кокаин

Гостиварец уапсен во Мала Речица за поседување на кокаин

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (18.09.2023) околу 3 часот и 35 минути, на улица „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 28-годишниот Н.С. од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.