среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На неопределено одложена собраниската седница за амандманите за законот за јазиците

На неопределено одложена собраниската седница за амандманите за законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи продолжението на 32. седница на која на дневен ред беа над 35.000 амандмани за Законот за јазиците. Почетокот на седницата се одложуваше во текот на целиот ден.

Седницата, според информациите од Собранието, ќе биде дополнително закажана.

Официјални информации зошто е одложено продолжението нема. Иако во текот на целиот ден имаше комуникација помеѓу претседателот на Собранието и пратеничките групи, не е постигнат договор како да се излезе од ситуацијата што ја предизвикаа амандманите поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести