На родилка и беа извадени три здрави органи. И што се случи? Едвај се направи комисија, па едвај се разреши директорот на струшката болница, па сега Филипче најави и некој нова комисија. Одговорност-што беше тоа? Каде се надлежните институции. Станува збор за лекар кој вршел јавна функција, директор на Болницата во Струга, а паралелно имал своја ординација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Државниот санитарен и здравствен инспекторат изгледа спие. И во јавноста ништо не се слушна, на пример како работи ординацијата, што со орданицијата во иднина. А и Филипче молчи. Ја нема ни Лекарската комора. Напарви некоја комисија, а комисијата речиси и да не работеше според тоа што јавноста го виде и слушна.
А како може и да се очекува, една ваква институција на фелата, да реагира. Тоа е истата онаа Лекарска комора за чија претседателка има Одлука од Антикорупцикска дека има судир на интереси, велат од партијата.
– Зошто не реагира? Затоа што претседателката на Лекарска комора е и директора на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или има судир на интереси затоа што Лекарската комора ја цени работата на директорите на јавните здравствени институции. Или претседатеката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова ја контролира директорката на Гастро, Калина Гривчева Старделова. Антикорупциска и вели не може така, ама на претседателката и директорката не и гајле. Зошто таква една личност да се грижи за тоа што една пациентка е осакатена. И Филипче пак молчи. Не го интересира кои лица ги водат јавните здравстевни институции, или едноставно, Филипче ја штитити Гривчева Старделова. Токму поради ова, поради сите пропусти кои ги дозволи во случајот со родилката, Филипче треба да одговара и да си оди од функцијата! Оставки треба и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од претседателката на Лекарската комора, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.