Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, следат Маврови Анови со девет см, три во Крива Паланка и два см во Крушево.
Најстудено е во Тетово со температура од минуст пет степени, минус четири се измерени во Скопје Зајчев Рид, во Крива Паланка, Битола и во Прилеп, минус два во Штип, Струмица и Лазарополе, минус еден се регистрирани во Демир Капија и Претор. Во Охрид и Крушево утрово со нула степени, еден во Маврово и Виница, два во Гевгелија и четири во Дојран.
Времето е умерено до значително облачно, по котлините со магла. Особено намалена видливост има во Полог и Беровско, како и на некои планински превои.