Свечености и симболично означување на почетокот на новата академска 2023/2024 за денеска најавуваат универзитетите.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова по повод првиот академски час ќе се обратат пред студентите на Медицинскиот факултет.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на церемонија на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, додека на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи прв академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“.
Од УКИМ е најавено дека ректорката проф. д-р Ангелова ќе ги посети и Економски факултет во 10:00 часот, Правен факултет „Јустинијан Први“ во 11:00 часот, Машински факултет 12:30 часот и ФИНКИ во 18:00 часот.
На 3 октомври (вторник), ректорката ќе има обраќање во периодот од 10:15 до 11:15 часот на Факултетот за земјоделски науки и храна.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип првиот академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“, ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет) со почеток во 11.30 часот.
Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ќе ја пречека осмата генерација на студенти, на свеченост која ќе почне во 11:00 часот. На церемонијата ќе присуствува министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој ќе им се обрати на новите студенти.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип првиот академски час, насловен како „Бруцошка на УГД“, ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет) со почеток во 11.30 часот. (МИА)