Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, на својата фејсбук страница сподели објава во која потенцира дека проектот на ВМРО-ДПМНЕ за спојување на Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во една единствена модерна безбедносно-разузнавачка служба во согласност со ЕУ и НАТО стандардите, претставува одлучен чекор кон вистинска и суштинска реформа.