вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нацев: Одговорност за масакрот во Јасен мора да има

Нацев: Одговорност за масакрот во Јасен мора да има
Нетпрес

СДСМ не знае да стопанисува со природните ресурси и подрачјата од државен интерес. Масакрот на 57 диви свињи на подрачјето на резерватот „Јасен“ во време на ловостој и размножување е пример за аздисаноста на оваа власт. Недозволив е масакрот на 57 диви свињи во сезона на размножување, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Управата на ЈП „Јасен“ и Зечевиќ не смеат да бегаат од одговорност. Управата на ЈП „Јасен“ и директорот Новица Зечевиќ, мора да понесат одговорност за овој масакр. Недозволиво и непромислено е однесувањето на управата на ЈП „Јасен“ со природните ресурси и животинскиот потенцијал на ловиштето. Недозволиво е масакрот да се прикрива под превезот на санитарен лов. Скандалозна е изјавата на Зечевиќ дадена во медиумите дека се работи за санитарен лов, а од оваа слика јасно се гледа дека дивечот го ловеле комерцијални ловџии. Не може да биде санитарен лов масакр на 57 диви свињи, меѓу кои и 20-тина трофејни свињи, вели Нацев и додава:

„Санитарен лов не се врши од страна на комерцијални ловџии, туку од страна на самото претпријатие на строго претходно утврден број на единки. Не може овој лов да се претставува како санитарен лов и со тоа покрај самиот масакр кој е недозволив да се нанесува директно материјална штета на државата, односно ЈП „Јасен“ да се оштетува за десетици илјади евра со неплаќање за отстрелот. Управата на ЈП „Јасен“ и Зечевиќ мора да дадат одговори. Граѓаните имаат право да знаат“.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повика ОЈО да преземе мерки по допрен глас и да ја утврди фактичката состојба, законските прекршувања и сторените кривични дела по Законот за ловство, евентуално сторените дела од областа на финансискиот криминал и други злоупотреби направени од, како што велат, оваа неодговорна власт.

Инаку, како што пишуваше порталот Нетпрес, дел од ловџискиот тим за „масакр“ биле и Хари Костов (поранешен премиер и министер во МВР), Нано Ружин (поранешен амбасадор) и Бранко Бојчевски (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност). За своето задоволство групата ловџии платиле само 2400 евра.

Најнови вести