Власта предводена од СДСМ по „стоти пат“ докажа дека ја потценува интелигенцијата на народот и јавноста.
Овие денови јавноста повторно се потсетува на мега скандалот кој беше предизвикан во Министерството за одбрана оваа пролет.
Имено јавноста прашува дали Министерството за одбрана или пак првиот човек во него, Радмила Шекеринска има достоинство да се извини во врска со вистината која ја обелодени професорот и член на ВМРО-ДПМНЕ Александар Нацев, а скандалот го потврди и свиркач за порталот „Лидер“.
Имено во мај месец Нацев обелодени во јавноста дека македонските војници во Авганистан се оставени да гладуваат поради немање на безбедносен сертификат од страна на Министерството за одбрана.
-Дел од припадниците на АРМ кои се упатени во мисијата “RESOLUTE SUPPORT” во ??Авганистан се со истечени НАТО безбедносни сертификати, и воопшто не можат да ги извршуваат своите редовни работни задачи, ниту да се движат низ базата, а некои од нив дури немаат можност да го користат ресторанот за исхрана, па останува отворено прашањето како се прехрануваат додека се упатени на мисија!?, објави во мај Нацев.
Имено, поради промена на начинот на работа на ресторанот за исхрана, заради одредени безбедносни процедури, потребни се пропусници за влез во ресторанот, кои пропусници се издаваат врз основа на важечки безбедносни сертификати (и според регулатива овие пропусници не може да им се издадат на лица кои не поседуваат важечки сертификат). Ова е уште една последица на хаотичното менаџирање на процесот со издавање на безбедносни сертификати и ја доведува ??Македонија и нашите војници во една срамна положба пред нашите НАТО сојузници. Моите информации велат дека нашиот контингент добил и опомена од претпоставените авторитети во базата. Па затоа сакам да ги поставам следниве неколку прашања:
1.Како се дозволило припадници на АРМ да заминат на мисија, а да не поседуваат безбедносни сертификати?
2.Како се дозволило да има истек на безбедносен сертификат кога однапред точно се знае колку време еден припадник ќе помине на мисија?
3.Што прават таму нашите војници кои немаат важечки сертификати, и како ги поминуваат своите денови, кога не можат да влезат во ресторан да се прехранат, а камоли да влегуват во административни и безбедносни зони?
4.Дали овластеното лице од Министерството за одбрана ќе одговара за ваквите пропусти и безбедносни нарушувања?
5.И најважното, како нашите војници ќе се прехранат дури да им стигне новиот безбедносен сертификат, ако се знае дека за сертификат
„Строго Доверливо“ се чека по три и повеќе месеци?
Ваквата ситуација укажува дека нашите војници се жртви и колатерална штета на сметка на неспособното раководење со Министерството за одбрана и декларативните заложби на министерот за одбрана, вели во својата објава Нацев.
Македонските војници во Авганистан оставени да гладуваат❗️
Дел од припадниците на АРМ кои се упатени во мисијата…
Posted by Aleksandar Nacev on Четврток, 28 мај 2020
По ова експресно реагираше и министерството кое ја демантираше веста, која сепак на крајот се испостави како вистинита.
Лажна вест на Нацев која го загрозува угледот на Армијата и безбедноста на државата
Во намерата за подривање на Армијата отидовте предалеку – дури до Авганистан. Не размислувајќи дека со вашите активности им ја загрозувате безбедноста на војниците за кои леете лажни солзи. Да потсетиме дека тие се во Авганистан додека вие од вашите удобни фотелји држејќи ги вашите смартфони во раце, разнесувате отровни интриги.
Јасно е дека вашата цел не е да им помогнете на војниците (имавте за тоа време од цели 11 години), туку да извршите уште една од зададените задачи во серија: да го поткопате кредибилитетот на инстутуциите и угледот на Армијата. Тоа по дефиниција е загрозување на безбедноста на државата, демонстрација на врвна безбедносна некултура.
Повлечете се! Откажете се од вашата валкана агенда. Војниците, нашата војска, се инвестиција на целата држава, на целиот народ. Учеството во меѓународната мисија во Авганистан, исто така. Не рушете нешто што е градено со децении само за да постигнете политички цели. Острицата на вашата критика одамна е затапена токму поради провидноста на вашите намери.
Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан е уште пореспектабилна од порано а како резултат на залагањето, работата и професионалниот однос на персоналот на Армијата. Ниту еден војник од мисијата во Авганистан не гладува и срамота е тоа да го тврдите. Претставувате сосема искривена слика на штета на угледот на Армијата и безбедноста на државата.
Последен што може да зборува за сертификати е човекот чија сопруга, која била вработена во воената служба за безбедност и разузнавање со договор на дело и која за само една недела го добила највисокиот безбедносен сертификат – државна тајна. Тоа е навистина недозволив преседан!
Лажна вест на Нацев која го загрозува угледот на Армијата и безбедноста на државата
Во намерата за подривање на…
Posted by Министерство за одбрана / Defence MKD on Петок, 29 мај 2020
Еден месец подоцна и порталот „Лидер“ објави дека вистински срам и хаос предизвикала неодговорноста на Министерството за одбрана на Македонија во НАТО база во Авганистан – покажува документот кои свиркачи го доставија до редакцијата на „Економски Лидер“.
Минатата недела, на прагот од домот на главниот уредник на нашиот медиум, свиркач достави USB мемориски стик на кој се гледа електронско писмо потпишано од полковникот Заим Шкриељ, во кое тој го известува министерството дека помлад водник, поради неажурноста на министерството бил оставен без безбедносен сертификат и истиот не може да се движи низ базата на НАТО во Авганистан каде што се стационирани нашите војници.
Полковникот Шкриељ, во писмото го алармира министерството дека не постои начин како да се издаде пропусница за војникот и тој буквално не може да се движи ниту во кантина.
Името на војникот кој е заглавен поради неажурноста на МО и е познато на нашата редакција, но истото нема да го објавиме затоа што се работи за класифицирана информација. Го објавуваме само она што е во јавен интерес, а тоа е дека министерството предводено од Радмила Шекеринска, не се погрижило за да се подготви соодветна документација за нашите војници да можат соодветно да си ги извршуваат своите обврски во базата на НАТО.
Писмото од полковникот Заим Шкриељ, го објавуваме во целост:
Откако нашата редакција го извади ова писмо од USB Меморискиот стик, истиот беше целосно уништен и фрлен во реката Вардар. Овие мерки ги преземавме, за да го заштитиме нашиот анонимен извор во случај МО и полицијата да пробаат да откријат кој е изворот кој ни ги доставува овие материјали.
Редакцијата на КУРИР се обиде неколку месеци по скандалот кој го демантираше самата Шекеринска повторно да го актуелизира во јавноста и да побара став од Нацев во врска со тоа дали ќе покрене правен механизам или пак да бара извинување за навредите и омаловажувањата од министерството.
Нацев во наша изјава заклучува дека бара само јавноста да ја согледа вистината, а потенцијалниот финансиски надомест кој судот би го изрекол во негова полза, би го донирал на Сојузот на воени инвалиди.
-Да појаснам дека целата оваа ситуација со граѓанскиот спор кој го имам со Министерството за одбрана и министерката Шеќеринска, започна со моето јавно објавување на информации кои ги добив од мои пријатели и контакти, а кои се однесуваа на пропустите во работата на Министерството за одбрана во однос на припадниците на АРМ кои се упатени на мисија во Авганистан. Во еден мој пост на фејсбук, поставив неколку прашања во однос на гореспоменатите пропусти. Одговорот кој еден ден подоцна го добив од официјалниот профил на фејсбук на Министерството за одбрана беше, најблаго кажано, запрепастувачки. Преку крајно недемократска и недолична комуникација од министерство за одбрана на земја која е членка на НАТО бев обвинет дека ширам лажни вести, дека разнесувам отровни интриги и слични „ad hominem “ напади. Како бивш офицер на АРМ, бев изненаден од односот на Министерството за одбрана и размислував да поднесам барање за извинување. Но, она што најмногу ме охрабри да го направам тој чекор, беше еден текст на порталот „Лидер“, објавен неколку дена подоцна кој содржеше документ доставен од „свиркач“, во кој документ моите изнесени информации комплетно се потврдуваа како прецизни и точни. Ова беше моментот кога одлучив да поднесам барање за извинување до МО и до министерката како одговорно лице, кое извинување не го добив и потоа преку мојот адвокат доставив тужба до Министерството за одбрана и до министерката, вели за КУРИР Нацев.
Тој за крај, додава: Сакам да изјавам дека барам само јавноста да ја согледа вистината, а потенцијалниот финансиски надомест кој судот би го изрекол во моја полза, би го донирал на Сојузот на воени инвалиди.