понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 600 пациенти се лекуваат само во Скопје – во изминатите 24 часа се хоспитализирани повторно голем број на заразени граѓани

Над 600 пациенти се лекуваат само во Скопје – во изминатите 24 часа се хоспитализирани повторно голем број на заразени граѓани

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 621 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 35 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни и двајца пациенти биле примени на Клиниката да Детска хирургија.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 298 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.

Вкупно 621 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Најнови вести