петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАДЛЕЖНИТЕ ПАК ИЗНЕНАДЕНИ: Овчари без храна, непроодни патишта, отсечени села – еве каква е состојбата по снежните врнежи

НАДЛЕЖНИТЕ ПАК ИЗНЕНАДЕНИ: Овчари без храна, непроодни патишта, отсечени села – еве каква е состојбата по снежните врнежи

Центарот за управување со кризи објави каква е состојбата во Македонија до 11 часот денеска по снежите врнежи. Овчари во битолскиот регион се останати без храна поради непроодни патишта. На повеќе места има прекини во електроснабдувањето, отсечени се села и голем број патишта не се проодни.

Скопски регион

Во општина Гази Баба се работи на расчистување на дваесетина паднати дрва и дел од патиштата од населените места се во фаза на чистење. Патот што води кон селата Танушевци, Малино и Брест е непрооден поради снжните врнежи. Исто така има прекин во снабдување со електрична енергија во истите села.
Од ЕВН известуваат дека поради дефект на 10 КВ мрежа (дефекти претежно предизвикани од паднати дрва без електрична енергија се корисниците од населените места Сопиште, Добри Дол, Ракотинци, дел од с.Бардовци, индустриска зона Визбегово, дел од општина Зелениково, Љубош, Батинци, Орешани, Долно Лисиче, Побожје, Горно, Средно и Долно Коњари, дел од Катланово и Катлановска Брезница.

Битолски регион

Во општина Битола екипите на ЈКП „Нискоградба“ Битола работат на расчистување на планинските села во општината. Од жители од с.Древеник добиено е известување дека патот до селото е непрооден (има околу 50 см снег) и дека таму има 2000 овци и 5 овчари кои се останати без храна и потребно било со гасеничар да се интервенира на расчистување на патот. За ова се известени ЕЛС Битола и ДЗС Битола.

Во општина Прилеп, поради дефект на дефект на далековод без електрична енергија се населените места од ЕЛС Долнени, поголем дел од населените места во ЕЛС Кривогаштани и неколку населени места од ЕЛС Прилеп (населени места од старата општина Тополчани). Екипи од ЕВН Македонија работат на терен на одстранување на дефектите. Во општина Новаци екипи на ЈКП Комунална хигиена се упатени на расчистување на планинските села во мариовскиот дел (Зовиќ, Старавина, Градешница, Будимирци и Груниште) и во текот на денот се планира тој патен правец да биде прооден.

Во општина Демир Хисар има дефект на 35 kV далековод од с.Сопотница до Демир Хисар. Екипите се на терен и работата на санација на дефектот. Во општина Крушево регионалниот патен правец Крушево – П.Река не е прооден за лесни моторни возила и се очекува во текот на денот да биде исчистен.

Тетовски регион

Во Тетовскиот регион, регионалниот пат до Попова Шапка е чистен и прооден, додека е отпочнато чистење на локалните патишта до под шарпланинските села. Висината на снежната покривка изнесува повеќе од 60 сантиметри снег и се уште има врнежи од снег. Во Тетово и пониските места снежната покривка е од околу 5 сантиметри и не представува проблем за непречено одвивање на сообраќајот и доставување на намирници. Снабдувањето со електрична енергија е редовно, има пријава за дефект само во с.Ларце – ЕЛС Желино.
Во ЕЛС Брвеница е испратен багер да го чисти патот до с.Гургурница.

Во општина Гостивар трите лавини на патот Маврови Анови – Дебар кај Бигорскиот манастир се расчистени околу 03:00 часот и патот е прооден во двете ленти. Се уште има забрана за движење на ТТВ на патот Крак – Маврово – Дебар. Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со чистење на обиколницата околу Мавровското Езеро. Висината на снежната покривка на Маврово е околу 60 сантимтери и продолжува интензивно да врне.

Велешки регион

Во општина Кавадарци во ридско – планинскиот дел на коловозите има кашест снег. Се интервенира на расчистување и посолување на патниот правец кон одморалиште „Михајлово“. Во попладневите часови планирано е посолување на патните правци во ридско – планинскиот дел.

Охридски регион

Во општина Македонски Брод денес ќе се чистат градските населби од паднатиот снег а утре ќе почне со чистење на отсечените села во планинскиот реон каде има наврнато околу 40 см снег. Електрична енергија нема во селата од Поречието.

Во општина Кичево во селските населби има наврнато околу 30 см снег и моментално движењето е ограничено на теренски моторни возила. Во селата Речани, Крушица и Видрани има прекин на електричната енергија.

Во општина Струга непрооден е патот од Вишни до Г.Белица. Патот спрема Малесија е прооден до с.Мислодежда и сообраќајот од Струга за Дебар се одвива отежнато.

Во општина Дебар и Центар Жупа исчистени се половина од селата во Центар Жупа, а до крајот на денот се очекува да се исчистат патиштата до сите села.

Кумановски регион

Во повисоките планински предели во Козјачијата и Карадачкиот планински венец во општина Старо Нагоричани се зафатени со снег со висина помеѓу 20 и 30 сантиметри, а локалните патни правци од с.Арбанашко кон селата Длабочица, Буковљане, Малотино, Мгленце како и селата Цветишница, Жељувино се непроодни.

Во делот на селата вон градот во Которлкот, во текот на денешниот ден по етапи ќе се дејствува за чистење на овие локални патни правци кои ги поврзуваат со општина Куманово. Без електрична енергија се Бејтови Ниви, Тромеѓа Азмак, Слатино и Бузинци

Во општина Липково патните правци кон повисоките населени места како што се Гошинце, Лукаре, Пресница, Брест, Стрима, Рковце и др. можно е движење само со теренски возила. Од општината известиле дека во втора фаза на расчистување кон истите ќе дејствуваат во текот на денот и утрешниот ден.
Во општина Ранковце патниот правец Пклиште – Герман е непрооден и има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Отсечении се селата Герман и Пклиште. Локалниот пат (земјен) кон с.Криви Камен е непрооден поради висина на снегот. Отсечено е с.Криви Камен.

Во општина Крива Паланка патниот правец Пклиште – Герман е непрооден во должина од 7км. Без електрична енергија се населените места Гиновци, Мултинци, Ветуница, Отошница, Вржогрнци, Гулинци, Станча, Пклиште, Орашац, Герман и Нерав. Локален (земјен) пат с.Дурачка Река – с.Дренак, е непрооден поради висина на снег и отсечено е с.Дренак. Во општина Кратово непрооден е патниот правец с.Нежилово – Каврак.

Најнови вести