-Министерот Спасовски да ви кажам после ова треба веднаш да биде разрешен од должност. Заради тоа што не се работи за тоа дали некој требало нешто да му каже туку требало да се преземат сите оние мерки согласно она што претставува проценка на опасноста од одредено лице да побегне, да влијае врз сведоци или можеби дури и да го повтори делото или делата за кој што се терети во различни постапки. Значи не се согласувам, мислам дека беше голема фарса, чукање по врати, претресување на возила и сл., потенцираше Најчевска во вчерашната емисија „24 Отворено“.
Имено да потсетиме дека Најчевска беше дел од тн. „Шарена револуција, и блиска со врхушката на СДСМ.