петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 230.000 пензионери во Македонија едвај преживуваат: „Планот за живот“ на СДСМ само лажно ветување за најстарите граѓани

Најмалку 230.000 пензионери во Македонија едвај преживуваат: „Планот за живот“ на СДСМ само лажно ветување за најстарите граѓани

Државна пензија, предвремено пензионирање, нови пензионерски домови, пензионерски клубови. Ова се само дел од ветувањата со кои СДСМ дојде на власт. Повеќе од пет години потоа речиси ништо не е остварено. Највозрасните граѓани веројатно се меѓу најразочараните од актуелните политки, анализира Алфа.

Поранешниот претседател на сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски, вели дека 230.000 пензионери живеат на работ на егзистенција со пензија помала од минималната плата.

-Имаме 330 илјади пензионери, од кои 230 илјади имаат пензија помала од 18 илјади денари. Со 18000 денари знаете дека со вакви животни трошоци тешко може да опстанат. А тоа се голема бројка. Освен тоа, тие што ги спомнав јас, таа бројка, треба да обезбедат средства и за зголемени цени на лекови, други трошоци, а камо ли да помогнат на деца и тн…, вели Аргировски.

1. Ќе субвенционираме сместување во старски домови за пензионерите со ниски примања, без поддршка од семејството и без сопствен имот;
2. Ќе воспоставиме пензионерски заедници, со организирано домување на стари лица;
3. Државата ќе им помогне на пензионерите со ниски примања, кои немаат свој имот и немаат поддршка од семејството, да бидат сместени во старски дом; …пишува во предизборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“ во кој исто така се најавуваше и изградба на нови државни пензионерски домови.

-Веќе неколку години немаме еден нов пензионерски дом. Во историјата на проблематиката за пензионерско сместување многу е значајно да има што повеќе пензионерски домови. Немаме ние. Имаме голем недостаток на пензионерски домови. Тие се рак рана на пензионерите, истакна Аргировски.

Пензинерите со кои разговараше АЛФА сметаат оти Владата не им ги исполнила ветувањата. Велат дека зголемувањата на пензиите, се само мачкање очи оти инфлацијата веќе ги изела. Повеќето сметаат дека пред пет години живееле подобро.

1. – „Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Република Македонија.“
2. – „Ќе воведеме можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија.“ …се дел од другите ветувања во „Планот за живот“.

Според најновите податоци на Фондот за пензиско во Македонија во септември годинава имало 333.322 пензионери чија просечна пензија изнесувала 17.515 денари.

По пет години власт оската СДСМ и ДУИ не ги оствари ветувањата за највозрасните граѓани, а сега просечната пензија е пониска и од минималната плата.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

Најнови вести