За по еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисок од повеќегодишниот просек за јули, додека нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за 13 сантиметри кај Охридското и за 1,74 метри кај Преспанското Езеро.
Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се Вардар на мерното место кај Јегуновце, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци каде нивото е малку повисоко од просечното. (МИА)